СЗО предупредува дека омикрон е опасен сој
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2022
Омикрон е опасен сој на коронавирусот. Се шири со брзина каква што светот досега не видел, велат од Светската здравствена организација(СЗО).
Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денеска предупреди дека овој сој е опасен.
Вели дека иако има благи симптоми, тој останува опасен вирус, особено за оние кои не се вакцинирани.
„Поголемото пренесување на вирусот значи и повеќе хоспитализации, повеќе смртни случаи, повеќе луѓе неспособни за работа, вклучувајќи ги и наставниците и здравствените работници. Исто така, постои опасност од нов сој што може да биде попренослив и смртоносен од омикронот“, изјави генералниот секретар на СЗО.
Мајкл Рајан, директорот за Европа на СЗО, на истата прес-конференција изјави дека коронавирусот „не е лесна болест“, туку болест што може да се спречи со вакцини.
Омикрон доминира и во соседството. Тој се појави лани во Јужна Африка и потоа се прошири во целиот свет.Во светот досега од коронавирусот починаа над 5.5 милиони луѓе.