11 Јули, 2020
0.0264

СЗО СО ЗАСТРАШУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Над еден милион лица секојдневно се заразуваат со преносливи болести

Објавено во: Свет 07 Јуни, 2019

Светската здравствена организација со застрашувачки податоци. Според нивниот извештај над еден милион лица секојдневно се заразуваат со инфекции, сексуално преносливи а најмногу од заразените биле со инфекции кламадија, гонореја, трихомониазата и сифилис.

„Повеќето од овие преносливи инфекции се лекуваат и истите можат многу лесно да бидат спречени, но некои болести, особено гонорејата имаат развиено исклучително отпорни форми, кои се тешки за лекување со антибиотици“, се вели во извештајот на СЗО.

Извештајот, базиран на последните расположливи податоци од 2016 година, покажува дека кај мажи и жени меѓу 15 и 49 години во 2016 година имало 127 милиони нови случаи на кламидија, 87 милиони случаи на гонореја, 6,3 милиони на сифилис и 156 милиони трихомониаза. Ако не се лекуваат, тие можат да предизвикаат сериозни и хронични здравствени проблеми, вклучувајќи невролошки и кардиоваскуларни заболувања, неплодност, раѓање на мртви деца и зголемен ризик од ХИВ - СИДА. Пресметано е дека во 2016 година само сифилис предизвикал 200 000 смртни случаи кај новороденчиња, што е една од најголемите причини за смртта на децата во светот, се вели во студијата. Сексуалните инфекции предизвикани од бактерии, обично можат да бидат третирани со широко достапни лекови, но истражувањето на СЗО истакнува дека последните недостатоци во глобалната понуда на бензатин пеницилин ја отежнуваат контролата на ширењето на сифилис.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОИ ЗЕМЈИ НАЈДОБРО СЕ БОРЕА - но короната се враќа и не се знае кога ќе замине

ЕВЕ КОИ ЗЕМЈИ НАЈДОБРО СЕ БОРЕА - но короната се враќа и не се знае кога ќе замине

Ердоган нема да чека долго, на 24 јули во Аја Софија почнуваат молитвите

Ердоган нема да чека долго, на 24 јули во Аја Софија почнуваат молитвите

ИЗГЛЕДА НЕМА НИШТО ОД ИМУНТЕТОТ НА СТАДО - тешко дека вирусот ќе биде искоренет наскоро

ИЗГЛЕДА НЕМА НИШТО ОД ИМУНТЕТОТ НА СТАДО - тешко дека вирусот ќе биде искоренет наскоро

НЕ САМО ВТОР, ЌЕ ИМАМЕ И ТРЕТ БРАН ОД КОВИД-19 - предвидувања на германски виролог

НЕ САМО ВТОР, ЌЕ ИМАМЕ И ТРЕТ БРАН ОД КОВИД-19 - предвидувања на германски виролог

Научниците ќе дадат одговор како вирусот од животни се пренел на луѓе

Научниците ќе дадат одговор како вирусот од животни се пренел на луѓе

Кина обвини, а Казахстан демантира дека кај нив се шири болест поопасна од короната

Кина обвини, а Казахстан демантира дека кај нив се шири болест поопасна од короната

СЗО ПРИЗНА: Вирусот се пренесува преку воздух во ресторани и спортски сали, но потребни се уште истражувања

СЗО ПРИЗНА: Вирусот се пренесува преку воздух во ресторани и спортски сали, но потребни се уште истражувања

(ВИДЕО) ТАА Е ХЕРОЈ: Meдицинска сестра им свири на виолина на заразените од коронавирусот

(ВИДЕО) ТАА Е ХЕРОЈ: Meдицинска сестра им свири на виолина на заразените од коронавирусот

Ширењето на коронавирусот е надвор од контрола, алармира СЗО

Ширењето на коронавирусот е надвор од контрола, алармира СЗО