СЗО за омикрон: Мора да бидеме спремни и внимателни, а не да паничиме
Објавено во: Свет 03 Декември, 2021
Омикрон е многу пренослив сој на коронавирусот, но од Светската здравствена организација (СЗО) порачаа дека луѓето не треба да паничат.
Главниот научник на СЗО, Сумја Сваминатан денеска изјави дека појавата на новата варијанта не е добредојдена, но додаде и дека светот е многу подобро подготвен со оглед на развојот на вакцините.
„Колку треба да бидеме загрижени? Мора да бидеме спремни и внимателни, а не да паничиме, бидејќи сме во поинаква ситуација од пред една година“, рече Сваминатан.
Овој сој наскоро може да биде доминантен во Европа.