Taчи: Да излезете и да гласате затоа што тоа е најголемиот патриотизам
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2018
Граѓаните да излезат да гласаат на референдумот, повика денеска косовскиот претседател Хашим Тачи, на заедничката прес -конференција со премиерот Зоран Заев.
Тој рече дека тие треба да заокружат „за“ и да го искористат историскиот момент за земјата со цел стабилност и мир на регионот.
„Јас сакам да верувам дека учеството на граѓаните ќе биде масовно. Не само за да гласаат „за“, туку и да се постигне цензусот од над 50 проценти. Така што мојата порака пред сè како човек и како пријател на оваа држава и на евроатланската Македонија е да излезете и да гласате затоа што тоа е најголемиот патриотизам што може еден граѓанин да го направи за својата татковина и за Македонија“- вели Тачи.