24 Април, 2024
0.0266

Taчи: Поделба на Косово само преку мене мртов

Објавено во: Балкан 01 Март, 2019

Добивај вести на Viber

 Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека поделба и размена на територијата на Косово може да се случи само преку него мртов и дека за тоа зборуваат тие кои му помагале на Слободан Милошевиќ.

– Размена на територии никогаш нема да се случи, територијалната размена е договор и никогаш нема да биде дозволена, а поделбата на Косово може да се случи само преку мене мртов, изјави Тачи во Тирана.

Тачи нагласи дека „никој не може да ги подели Трепча, Митровица и езерото Газивода, ниту да земе еден сантиметар од косовската територија“.

– За поделбата на Косово денес зборуваат оние што му помагаа на Слободан Милошевиќ, рече Тачи, додавајќи дека никој не може да негира дека припојување кон Косово на Прешевската Долина, односно трите општини со мнозинско албанско насление во јужниот дел на Србија – Пришево, Медвеѓа и Бујановац, нема да влијае врз целовитоста на Република Косово.

Тачи ја отфрли и секоја форма на формирање „Балканска унија“, бидејќи, како што рече, тоа ја нарушува „територијата на Република Косово“.

– Албанската нација мора да биде зајакната, Косово има пријатели и партнери, како што се САД и ЕУ, но исто така има политички противници. Косовската армија ќе биде армија на мирот, рече Тачи.

Изразувајќи благодарност до САД, кои ја поддржуваат трансформацијата на Косовските безбедносни сили во армија, Тачи рече дека Приштина се подготвува за влегување во конечнара фаза од дијалогот со Белград за постигнување на сеопфатен договор за нормализација на односите.

– Нема да дозволиме организација на меѓународна конференција на која ќе биде и Русија, само ќе дозволиме поддршка од САД, нагласи Тачи, додавајќо дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај веќе се откажал од таа идеја, следејќи ги неговите совети.

Тачи, исто така, рече дека нема да дозволи уривање на односите со САД за, како што рече, тесно-политички интереси.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“