25 Април, 2024
0.0257

Тачи сака формирање на косовска војска, српските пратеници категорично одбиваат

Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска оствари телефонски разговор со Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО и го информирал за процесот на трансформација на Заштитните сили (ФСК) во војска на Косово.

Според објавата на Тачи на Фејсбук, тој и Столтенберг разговарале за потребните чекори во правец на формирањето на косовска, мултиетничка и професионална војска.

„Денеска имав телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Разговаравме за неопходноста од придвижување напред во финализирањето на процесот на трансформацијата на Заштитните сили на Косово, во вооружена мултиетничка и професионална сила. Војската на Косово ќе ја создадеме со постојана координација со нашите сојузници“ напиша Тачи.

Сојузниците на Косово, меѓу кои и НАТО, Соединетите Американски Држави и повеќето членки на Европската унија бараат евентуалната трансформација на ФСК во војска да се направи преку уставни измени. Но, за промена на Уставот се потребни и гласовите на пратениците Срби, а тие се категорично против формирање војска, па затоа албанските челници во Косово најавуваат дека ќе најдат начин трансформацијата да ја извршат етапно со законски интервенции


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)