24 Април, 2024
0.1335

Тачи: Со поголемо задоволство би седнал на маса со ѓавол отколку со Александар Вучиќ

Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Koсовскиот претседател, Хашим Тачи, пред продолжението на дијалогот со Србија изјави дека попрво би водел дијалог со ѓаволот отколку со српскиот колега, Александар Вучиќ.

За приштинската агенција „Косовапрес“, тој ги оцени како тешки состаноците кои ги има со Вучиќ.

Вели дека Вучиќ е тежок соговорник и истовремено оптоварен. 

„Можам да кажам дека со поголемо задоволство би седнал на маса со еден ѓавол отколку со Александар Вучиќ затоа што тој со сиот свој потенцијал, сиот арсенал на Србија работи на растурање на Косово како држава. Секако дека ќе го издржам тоа, но тоа не е доволно во соочувањето со Србија“, изјави Тачи.

Тој додава дека на утрешниот состанок во Брисел не може да дојде до договор и дека во неговата финализација ќе учествува целиот политички спектар.

Вучиќ и Тачи утре ќе остварат средба во Брисел на највисоко ниво и со посредство на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, соопшти Службата за надворешни работи на ЕУ.

Се очекува тие да ја потврдат нивната подготвеност во интензивирање на напорите да постигнат правно обврзувачки договор за нормализација на односите меѓу двете земји. 

Односите меѓу двете земји се вложени откако Косово воведе санкции за српски производи. 

По одлуката на косовската Влада да ги зголеми царините за производи од Србија и Босна и Херцеговина за десет отсто, Европската комисија денеска побара итно објаснување и повлекување на мерката, јави дописничката на МИА од Брисел.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“