24 Април, 2024
0.0292

Танасоски им порача на увозниците на половни возила: Уредбата останува

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Засега на сила останува сегашната Уредба за данокот на моторни возила, им порача директорот на Царината, Ѓоко Танасоски, на увозниците на половни возила кои за денеска најавија протест пред Царинската управа. 

Тие реагираат дека со новиот закон за данокот и со уредбата, значително ќе поскапат половните возила. 

Донесена е уредба од страна на Влада, врз основа на Законот за данок на моторните возила. Во уредбата е дефинирано по старо што беше акциза, сега се вика посебен данок на моторни возила. При пресметката на овој данок, главната измена се однесува на еколошката компонента која е вметната во пресметката на овој данок. А тоа опфаќа да на пример, до 10.000 евра, возилата кои досега ништо не плаќале, сега ќе плаќаат врз основа на еколошката компонента. Односно, што помалку загадуваат, тоа помалку ќе плаќаат. За прв пат се прави храбар исчекор во контекст на справување со загадувањето, преку мотивирање на увоз на поеколошки возила отколку на понееколошки“, одговори Таљнасоски на новинарско прашање.

Тој рече дека забелешки на законот немаат сите увозници на автомобили, туку само оние што увезуваат поволни возила.

Царината ќе продолжи да ги разгледува забелешките, но уредбата засега останува.

„Ние секако ќе ги разгледуваме и натаму забелешките, се прават анализи, но да бидеме свесни дека нема ни еден месец откако е донесена уредбата, треба да се види дали може, дали треба или не треба да се интервенира. Сега засега останува истата уредба“, рече Танасоски.

Тој рече дека досега во два наврати имал средби со увозници, ги сослушал нивните ставови Уредбата, вели, овозможува поголемо регулирање. А со неа ќе се овозможи и база на податоци врз основа на кои реално ќе се види загадувањето и какви возила се увезуваат, и така ќе се преземаат идни чекори. 

Инаку, ако лани просечно месечно се увезувале од две до две и пол илјади половни возила, во декември, откако стана сигурно дека од стартот на годинава законот ќе стапи на сила, само за еден месец биле увезени шест илјади увезени возила. 

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи