Танер Акцок доаѓа во Скопје: Ние сме Амазон за банкарската индустрија
Објавено во: Економија 12 Септември, 2019
Тој има само 30 години, а зад него има неверојатно богато работно искуство. Моментно раководи со две банки во Германија, а во петок доаѓа во Македонија. Турчинот Танер Акцок своето работно искуство го стекнал во Мајкрософт, а повеќе пати е прогласен и за иноватор на годината.
Во Скопје доаѓа на годинешниот Балкански претприемачки самит, а кога претриемништвото е во прашање тој е еден од најголеми „тешкаши“ во светот. Акцкок во 2013 се преселил во Сан Франциско каде го зпаочнал својот стартап AppAnalytics. Тој беше прогласен за една од водечките аналитички апликации во САД. По две сепак години успешно го продава и се сели во Берлин.
Неговата приказна таму повторно има импресивен развој. Станал директор на компанија со тројца вработени која имала за цел да направи иновација во системот на отворено банкарство. Три години подоцна Танер има тим од 200 вработени и клиенти како Deutshce Bank, Solaris Bank, Sparkasse Austria итн.
Во Скопје доаѓа како говорник на Балканскиот претприемнички самит кој ќе се одржи во петок на 13 септември. Компанијата на Танер по успехот во западна Европа и договорите со 200 банки, има за цел да се прошири токму и на Балканот.
За процесот на отворено банкарство и иновацијата во финтек индустријата ќе говори самиот на balkansummit.org .