19 Јануари, 2022
0.0372

ТАРАВАРИ УПОРНО ТВРДИ ДЕКА ЗАЕВ НУДЕЛ ПАРИ НА ПРАТЕНИЧКА: Нема да му се извинам

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2021

Гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари нема намера да му се извини на премиерот Зоран Заев, по изјавата во која кажа дека нудел пари на пратеничка за да ја придобие при формирање на парламентарно мнозинство.

Таравари тврди дека ја зборувал вистината и оти обајцата знаат што се случило, напомена во одговорот на новинарско прашање, денеска во Гостивар.

„Тој знае дека и јас знам. Ако ги решил другите проблеми и покрупни прашања, слободно нека ме тужи, тука сум. Меѓутоа ќе дојде времето кога за оваа работа ќе се прозбори јавно. Бидејќи сме во хибриден режим и не сакам да вовлекувам нашите пратеници во непријатна ситуација, оваа приказна и таа тема ќе ја завршам тука. Јасно е што е направено, изјави Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците.

Таравари неодамна во телевизиско интервју обвини дека низ земјава се „шетало со куфери полни пари“ и оти пратеничка од редовите на Алијанса за Албанците добила понуда од пријатели на премиерот да премине од опозиција во владејачкото мнозинство. По ова следеше демант од премиерот Заев и најава за тужба доколку Таравари не се извини за кажаното.


Можеби ќе ве интересира

БОРИСОВ ВЧЕРА ПРВ ПАТ СЛУШНАЛ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ИМА ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ КОН БУГАРИЈА - вели дека први ја признале нашата независност

БОРИСОВ ВЧЕРА ПРВ ПАТ СЛУШНАЛ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ИМА ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ КОН БУГАРИЈА - вели дека први ја признале нашата независност

ФОТОГАЛЕРИЈА НА ФАКТОР: БОГ СЕ ЈАВИ - како верниците масовно го прославија големиот христијански празник Водици

ФОТОГАЛЕРИЈА НА ФАКТОР: БОГ СЕ ЈАВИ - како верниците масовно го прославија големиот христијански празник Водици

(ВИДЕО) НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ И БИТИЌИ МУ СЕ ПРИДРУЖИ НА ФРЛАЊЕТО НА КРСТОТ - еве која е пораката до верниците

(ВИДЕО) НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ И БИТИЌИ МУ СЕ ПРИДРУЖИ НА ФРЛАЊЕТО НА КРСТОТ - еве која е пораката до верниците

ОГРОМЕН УСПЕХ Е ШТО ЈА ДОБИВМЕ НОТАТА ОД СКОПЈЕ ДЕКА НЕМААТ ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ - Петков задоволен од посетата на земјава

ОГРОМЕН УСПЕХ Е ШТО ЈА ДОБИВМЕ НОТАТА ОД СКОПЈЕ ДЕКА НЕМААТ ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ - Петков задоволен од посетата на земјава

ДИМИТРОВ: Должност на нашата Влада е да бара доказ од Бугарија дека имаат добра волја

ДИМИТРОВ: Должност на нашата Влада е да бара доказ од Бугарија дека имаат добра волја

Мартин во Охрид најсреќен: Го извади крстот од осветените води на езерото

Мартин во Охрид најсреќен: Го извади крстот од осветените води на езерото

ЦРКВАТА БИРАЛА КОИ СЕ ФИЗИЧКИ ПОДГОТВЕНИ И ВЕЌЕ УЧЕСТВУВАЛЕ - денеска околу десет лица ќе скокаат по крстот во Скопје во Вардар

ЦРКВАТА БИРАЛА КОИ СЕ ФИЗИЧКИ ПОДГОТВЕНИ И ВЕЌЕ УЧЕСТВУВАЛЕ - денеска околу десет лица ќе скокаат по крстот во Скопје во Вардар

ЃОРЃИ СПАСОВ: Сила сме ние на Балканот, Бугарите сега можат мирно да спијат, бидејќи добија гаранции дека нема да ги нападнеме

ЃОРЃИ СПАСОВ: Сила сме ние на Балканот, Бугарите сега можат мирно да спијат, бидејќи добија гаранции дека нема да ги нападнеме

МИХАИЛ ПАНОВСКИ: Од двете страни за прв пат имаме добри и чесни луѓе, да се искористи шансата да се реши проблемот со Бугарија

МИХАИЛ ПАНОВСКИ: Од двете страни за прв пат имаме добри и чесни луѓе, да се искористи шансата да се реши проблемот со Бугарија