24 Април, 2024
0.0267

Mакедонските возови трошат се повеќе

Објавено во: Економија 09 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Возот како транспортно и превозно средство кое важи за најефикасно според сумата потрошена за превезен тон по километар прави се поголеми трошоци за македонската економија. Ова го утврди Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, реферирајќи му на Собранието за 2018.

Пресметаните трошоци на македонските возови од страна на агенцијата е утврдена дека еден воз во просек троши по 713 денари по километар во 2018. Тоа значи дека за да ја мине трасата од Скопје до Гевгелија се потребни 1.750 евра, според наши пресметки. Овој трошок расте од година в година. Во 2016 тој бил 685 денари, а во 2017 изнесувал 704 денари по километар.

Иако дојде до прекин на нормалниот товарен железнички сообраќај во 2018, поради напукнување на бетонскиот мост на Коридорот 10, превезените количества во тони се поголеми од една година претходно. Во 2018 биле 1,68 милиони тони, што е повеќе од 1,55 милиони во 2017. Бројката е најдобра во последните четири години, но далеку послаба од почетокот на деценијата кога се превезуваа околу 3 милиони тони материјали.

Основните метали стандардно се најзастапени во превозот на материјали со над 500 илјади тони минатата година. На второ место се кокс и производи од рафинирање на нафта со 131 илјади тони, додека рудите се на третото место со 120 илјади тони количество. Огромен пораст во однос на претходните години се забележува кај хемиските производи, најверојатно поради отворањето на се повеќе инвестиции од таков тип во индустриските зони,, кои се на четвртото место со 114 илјади. Следни се дрвото и прехрамбените производи со по околу 90.000 тони но истите бележат постојан пад.

Бројот на превезени патници е 540.000 и е за 40.000 подобар резултат од една година претходно, но сепак далеку послаб од пред неколку години. Евидентно е дека искористеноста на бројот на вагони и машини е сосема иста како и 2017-та. Пристапноста на железничката инфраструктура, се вели во извештајот, е многу поголема отколку што е искористена.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?