25 Април, 2024
0.0289

Тасевска, Ацевски или некој трет - партиите го договориле ревизорот, денеска на комисија

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

По две години без директор и по многу неуспешни обиди коалиционите партнери да „пресечат“, клучната институција што контролира како се трошат државните пари, Државниот завод за ревизија, денеска по се изгледа конечно ќе добие човек што ќе застане на нејзиното кормило. 

Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски, за денеска закажа продолженија на три седници, а на едната од нив повторно е изборот на главен ревизор.

Извори од владејачкото мнозинство велат дека името на личноста што ќе седне на главното ревизорско столче е договорено, па според нивните очекувања, за него денеска ќе се обезбеди мнозинство од седум пратеници, колку што е потребно за предлогот да помине на комисијата, а потоа да оди на гласање и на пленарна седница на Собранието.

И самите народни избраници се свесни дека најавените вонредни парламентарни избори не смеат да поминат без главен државен ревизор, и затоа неговиот избор се смета и за повеќе од ургентен.

„Нашите очекувања се дека ќе се избере ревизор. Би било многу лошо ако седницата се отвори, и ако потоа се затвори. Тоа би значело дека се затвора и конкурсот, па кандидатите што се пријавени веќе нема да можат да бидат во игра. Но, воопшто не очекуваме тоа да се случи, туку дека на седницата ќе се избере кандидат кој ќе добие поддршка од седум пратеници“, велат за Фактор дел од народните избраници.

Според нив, новиот контролор на трошачите на народни пари треба да се гледа во еден од преостанатите 10 кандидати, од првично пријавените дванаесетмина, откако двајца пријавени практично „настрадаа“ во бесконечните партиски игри. Всушност, несогласувањето меѓу коалициските партнери, СДСМ и ДУИ, беше причина на последната седница на комисијата ниту еден од двајцата кандидати да не го добие потребното мнозинство гласови. Тоа, пак, значи дека тие повеќе не можат да бидат избрани, и за нив практично трката за главен државен ревизор е завршена. 

А што се случуваше на последната седница? Пратеникот Мухамед Зеќири од СДСМ го предложи Адем Цури за државен ревизор, но за него гласаа шест пратеници, што не е доволно за избор. А притоа, петмина од нив беа пратениците на СДСМ, како и пратеникот Фадиљ Зенделли од БЕСА, но за Цури не гласаа пратениците од ДУИ, и неговиот избор не беше возможен. Додека, пак, предлог на пратеникот Ејуп Алими од ДУИ беше Насер Адеми, кој до скоро беше на позицијата заменик државен ревизор. Но, и за него не се обезбеди потребен број гласови. Седницата беше прекината, а овие двајца кандидати практично веќе отпаѓаат и нема можност да бидат избрани.

Некои сознанија говорат дека, барем според досегашните партиски разговори, двајца од преостанатите кандидати имале најголеми шанси. Едно од имињата што се споменуваше е Тања Тасевска, која долги години е во ДЗР и практично се смета како еден од основачите на таа институција. Второто име што беше во игра е Максим Ацевски, исто така човек од внатре од ДЗР. Двајцата важат за професионалци, но и за нив имало партиски несогласувања. Затоа сега до седницата веројатно ќе биде неизвесно дали на местото ќе седне Тасевска, Ацевски или можеби некој трет кандидат. 

Ревизорските извештаи се меѓу клучните од кои Обвинителството и другите органи на прогонот треба да црпат информации за незаконско работење, па затоа ДЗР се смета како една од најбитните институции што треба да ги лови обидите за проневери на буџетските средства. 

А експертите од поодамна предупредуваат дека не смее да се дозволи изборите да поминат без прв човек на ДЗР, бидејќи во спротивно партиите би биле комотни во трошењето на парите, но и во прибирањето на донациите. Проблемот е дотолку поголем што тие од пред година и половина добиваат многу повеќе буџетски средства за нивно финансирање, откако „братски“ го сменија Законот за финансирање на политичките партии. Со тоа, наместо 1,8 милион евра како досега, од буџетот партиите сега добиваат 4,5 милиони евра на годишно ниво, или 0,15 проценти од вкупните приходи во државната каса.

Неодамна и самите вработени во ДЗР, заеднички излегоа на прес конференција, за да апелираат до политичарите итно да најдат решение. Бидејќи без прв човек, како што тврдат, инстититуцијата е целосно блокирана. Дури 43 ревизорски извештаи не може да бидат комплетно завршени, без потпис од главниот ревизор. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг