ТАВ Македонија и порачува на Владата да се откаже од идејата
Објавено во: Економија 06 Декември, 2018
ТАВ Македонија и порача на маледонската Влада да се откаже уште сега од идејата за воведување национален авиопревозник, по најавите на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски дека ќе се анализира состојбата за да се види дали има реални услови за тоа.
Искуствата со националните авио-компании не влеваат многу оптимизам, порачуваат од операторот на двата македонски аеродороми во Скопје и Охрид.
„Ако ги гледате финансиските бројки за компаниите национални превозници од регионот, тие имаат финансиски проблеми или се купени од други компании. Ние поддржуваме формирање национален авиопревозник, но мое лично мислење е дека Владата не треба финансиски да ја поддржува компанијата национален авиопревозник туку таа треба да биде способна сама финансиски да се одржува“, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
Идеја за воведување на национален авиопревозник имаше и претходната власт, односно министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески но тоа никогаш не се оствари.