20 Април, 2024
0.0258

ТАВ: Македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките на светско ниво

Објавено во: Мои пари 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Патничкиот сообраќај во август 2019 година порасна 17,8%, поради што ACI Europe ги рангира аеродромите во Скопје и Охрид меѓу најбрзорастечките аеродроми на светско ниво, како и во групата на водечки држави кои не се дел од ЕУ, а имаат највисок постигнат раст

Македонските аеродроми, Меѓународен Аеродром Скопјеи Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со 17,8% пораст на бројот на патници во август 2019 година се меѓу најбрзорастечките аеродроми на светско ниво, како и во групата на држави кои не се дел од ЕУ, објави Меѓународниот совет на аеродроми-Европа (ACI Europe) во нивниот најнов извештај за аеродромскиот сообраќај.


- Аеродромите во Украина (+25,1%), Северна Македонија (+17,8%), Албанија (+13%), Босна и Херцеговина (+12,1%) и Србија (+12%), се водечките пазари  во групата земји кои не се дел од ЕУ, според порастот на патничкиот сообраќај -соопштија одACI Europe

Според анализата на оваа реномирана организација, скопскиот аеродром со 11,1% пораст на патничкиот сообраќај е меѓу најбрзорастечките поголеми аеродроми во главни градови на земјите кои не се дел од ЕУ, а имаат највисоко зголемување на бројот на патници во август 2019 година, и е во друштво на:Бориспил во Киев (+24,2%), Анталија (+15,3%), Тирана (+13%), Сараево (+12,2%) и Шереметјево во Москва (10,6%).

Од друга страна, охридскиот аеродром, со 60,9% пораст во патничкиот сообраќај во август 2019 година, е еден од најбрзорастечките аеродроми во групата на мали аеродроми со под 5 милиони патници годишно, веднаш после Ниш (61,1%), а потоа следат Турку (60,3%), Харков (+38%), Задар (29,6%), и Мемингерберг (+25,8%), наведуваат од ACI.

Исто така, охридскиот аеродром, е еден од 20-те аеродроми во светот со највисок пораст во патничкиот сообраќај во август 2019 година, разгледуван во 4-та група на ACI каде што се следните аеродроми:Таргу Мурес (168,9%), Таранто (163,6%), Фогиа (105%), Ниш (61,1%) и Охрид (60,9%).


- Извештајот за сообраќај на Меѓународниот совет на аеродроми-Европа уште еднаш ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во својата категорија и во групата на држави кои не се дел од ЕУ.Ова ја покажува постојаната напорна работа и заложбите на ТАВ Македонија и на ТАВ Аеродроми кон развој на мрежата на авиолинии на аеродромите во Скопје и во Охрид, привлекувањето нови авиокомпании и промовирањето на Македонија како туристичка дестинација. Ќе продолжиме да го подобруваме и усовршуваме квалитетот на нашите услуги и да одржуваме задоволството на патниците на високо ниво -изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија

Според статистиките за воздушен сообраќај на холдингот ТАВ Аеродроми, двата македонски аеродрома, Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле Охрид, ги завршија првите 9 месеци од 2019 година со преку 2 милиона патници (2.052.829) и 13% пораст на бројот на патници на годишно ниво, додека за истиот период (јануари – септември) бројот на летови бележи пораст од 10%, односно достигна 16.895 летови. 

Според податоците за сообраќајот на патници, најфреквентни дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје во првите 9 месеци се Истанбул (двата аеродроми - Истанбул и Сабиха Гокчен) со 9,9% пазарен удел, Цирих (6,3%), Виена (5,8%), Базел (5,3%), Малме (4,1%).Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците во периодот јануари – септември 2019 година, со 62,2% пазарен удел, а потоа следат Turkish Airlines (7,0%), Austrian Airlines (5,8%), Germania Flug (4,0%), Pegasus Airlines (4,0%), Croatia Airlines (3,1%).

Извонредните резултати на скопскиот и охридскиот аеродром се постигнати во временски период кога ACI Europe објави просечен пораст на патничкиот сообраќај од 3,4% во август 2019 за географскиот регион на Европа, кој е понизок од порастот во август 2018 година (5,1%), што пак е одраз на помалку поволните услови за бизнис на европските аеродроми.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!