25 Април, 2024
0.0284

ТАВ продаде 3,7% од сопственичкиот удел за огромна капитализација

Објавено во: Економија 12 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Тепе Иншат и Сера Јапи продадоа дел од своите акции во ТАВ аеродромите во вкупен износ од 3,76 % од сопственичкиот удел во компанијата. Продадени се 13.659.376 акции, а посочено е дека холдинзите нема да продаваат акции во наредните 270 денови. Тепе Иншат сега ќе поседува 5,06% од вкупниот број на акции во ТАВ, додека пак Сера Јапи сега има 1,29% сопственички удел во холдингот. Една акција се продаваше за 19,85 турски лири што е околу 5 евра по акција. Тоа значи дека ТАВ со оваа продажба стекна капитализација од околу 66 милиони евра. 

- Како основачи и акционери на ТАВ Аеродроми, ние продадовме само дел од нашите акции. Нашите учества во одборите ќе продолжат. Сера Јапи продолжи во ист начин како и со продажбата на делот на акции на Тепе Иншат. Иако, се работи за мало количество во споредба со последната продажба на удели во Борса Инстанбул, високата побарувачка од странските институционални инвеститори резултираше во многу брз пласман што ја покажува довербата во нашата компанија и земја, посочи Сани Шенер, генералниот извршен директор на ТАВ Аеродроми.

Сани Шенер ќе продолжи како генерален извршен директор на компанијата до почетокот на 2020 кога ќе продолжи како претседавач на Бордот на директори уште најмалку две години. Бордот има вкупно 11 членови од различните сектори на ТАВ.

Продажбата на акцискиот удел беше извршена под надзор на Credit Suisse Securities.

Тепе Иншат го претставува градежниот дел од ТАВ кој прерасне во гигант како на домашно тло во Турција, така и со проектите во странство. 

Сера Јапи, пак е семејна компанија основана во 1995 година од инженерот д-р Сани Шенер со инвестиции и во недвижниот сектор. 

ТАВ оперира со два аеродрома во Македонија, „Александар Велики“ во Скопје, и „Св. апостол Павле“ во Охрид. 


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?