28 Март, 2024
0.0249

ТАВ за 10 години го зголеми бројот на патници за четири пати

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Холдингот ТАВ Аеродроми, најпосакуваниот бренд во аеродромските операции на глобално ниво, ја прославува 10-годишнината од управувањето со македонските аеродроми. Вкупниот пораст на бројот на патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно, кој беше 640.000 во 2009 година, се очекува да достигне 2,7 милиони до крајот на 2019 година.

Во последната декада, бројот на опслужувани дестинации е зголемен од 15 на 44 како резултат на маркетингот и поддршката од мрежата на авиолинии на ТАВ, која се протега на 14 аеродроми во 7 земји.

ТАВ е одлучен дека и натаму ќе продолжи со двоцифрениот пораст на бројот на патници и дека ќе продолжи да го развива скопскиот аеродром како главен центар за авиосообраќај на Балканот, објавија од компанијата, на прес-конференција за медиумите во Бодрум, Турција.

Главниот извршен директор и Претседател на холдингот ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, изјави: 

Навршувајќи ги првите 10 години работа во државата, многу сме среќни од работењето на двата македонски аеродрома, во секој аспект, како за компанијата така и за целокупната економија во државата.Од 2010 година инвестиравме 120 милиони евра во аеродромска инфраструктура и развој, а плативме вкупно 47,4 милиони евра за концесиски такси и даноци.Инвестициските циклуси од почетокот на работата на ТАВ Македонија ги поместуваат сите сегменти на аеродромското работење.Од 15 дестинации на кои превозниците летаа од/до Скопје во 2010 година, денес бројот се зголеми на 44 дестинации, додека бројот на патници на двата аеродрома, кој во 2010 година беше само 640.000, на крајот на 2018 година достигна бројка од 2,3 милиони. Очекуваме овој развој да продолжи со слично темпо во наредниот период, искористувајќи го потенцијалот на македонските аеродроми да станат заеднички регионален центар и да придонесат за развој на македонската економија и деловните односи меѓу Македонија и Турција

Бројот на вработени на ТАВ Аеродроми, на скопскиот и охридскиот аеродром е 1.100 луѓе, од кои повеќе од 70% работат во ТАВ Македонија, а останатите во сестринските компании на ТАВ, односно во БТА, АТУ, ТАВ МОС, ТАВ Технолоџис и Еуроклин.

Главниот и извршен директор на ТАВ Аеродроми, Шенер, истакна дека успехот на пазарот е постигнат како резултат на посветената работа на тимот на ТАВ Македонија со цел да обезбеди услуги со висок квалитет во секој сегмент, како и на поддршката од институциите во земјата кои се вклучени во авиосообраќајот.

- Достигнувањата дојдоа како резултат на одличната соработка со Владата и сите институции вклучени во воздухопловната индустријата, како што се Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, авиокомпаниите и тур-операторите кои работат на/од македонските аеродроми, нашите деловни партнери кои работат на двата аеродрома и патниците за користење на нашите аеродроми.Покрај развивањето на мрежата на авиокомпании и авиолинии, ќе продолжиме да работиме и на подобрување на квалитетот на услугите за нашите патници и одржување на високо ниво на задоволство на клиентите со усвојување на најновите трендови и решенија во дејноста на аеродромското пработење на двата македонски аеродрома, додаде Шенер.

Доказ за практиката да се обезбедат аеродромски услуги со висок квалитет, е наградата ASQ од страна на Меѓународниот совет на аеродром, што скопскиот аеродром ја доби за 2018 година, по четврти пат, по наградите добиени за 2012, 2013 и 2015 година. Оваа престижна награда е доделена според искуствата на патниците, и е светски репер за врвна услуга за клиенти.



ТАВ Македонија продолжува да бележи зголемување на бројот на патници

Првите 8 месеци од 2019 година ги заврши со вкупно 1,8 милиони патници (1,774,482), што е 12,1% зголемување на годишно ниво и 14,744 летови (9,9% зголемување на годишно ниво) на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. 

Можеби ќе ве интересира

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност