Те сакаме многу, ама слободно трчај по твоите ливади: Децата од болница се простуваат од Филип
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2020
Ни кажа дека сакаш ливади, дека најмногу ти недостига мирисот на тревките, ни кажа дека многу не сакаш.
Другарче, и ние те сакаме најмногу, ќе ни недостигаш многу, но веќе не се плашиш, слободен си, затоа слободно трчај по твоите ливади, уживај во мирисот на тревките, а ние додека сме тука, ќе продолжиме каде што застана. Нашите другари, децата во болница, ќе ги потсетуваме на нивниот неуморен, смешен Фичо.
Вака се простија од Филип Димишковски децата болни од леукемија, пренесе и Сано која ја има и родителската куќа за децата болни од рак.