29 Март, 2024
0.0253

ТЕ-ТО: Не сме добиле информација од КХВ за извештаите

Објавено во: Економија 05 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

ТЕ-ТО демантира дека кога било лажирал финансиски извештаи, стои во денешната реакција од друштвото. Фактор објави дека Комисијата за хартии од вредност направила контрола во ТЕ-ТО и по извршената проверка тврдила дека „постојат основи за сомневање дека сметководителот и независните ревизори постапиле спротивно на Законот за хартии од вредност“. Во реакцијата компанијата тврдат дека не добиле никаква информација од КХВ и дека за тоа дознале од медиумите. Потенцираат и дека ова е дело на притисокот кој го прави Топлификација.

Фактор поседува и писмена копија од допис од Комисијата за хартии од вредност во кој стои ова тврдење.

Подолу е целата реакција на ТЕ-ТО.

ТЕ-ТО АД најостро демантира дека било кога лажирал финансиски извештаи. Финансиските извештаи на ТЕ-ТО АД секоја година се ревидирани од една од најреномираните светски ревизорски куќи кои работаат во Република Северна Македонија, како Мур Стивенс, КПМГ, Грант Торнтон и Ернст и Јанг, кои имале увид во сите релевантни документи и немале забелешки на финансиските извештаи.

ТЕ-ТО АД нема добиено никаква информација од Комисијата за хартии од вредност во врска со извршената контрола, поради што сме немале можност да дадеме било какви аргументи за евентуалните забелешки. Оттука, зачудува што за ставовите на Комисијата за хартии од вредност ние дознаваме од медиумите. Објавата во Фактор е дел од оркестрираниот притисок врз ТЕ-ТО АД што раководството на Топлификација АД го прави со помош на дел од државните институции, со цел да ги оправда своите неуспеси во работењето во последните шест години и да избегне одговорност поради носењето на компанијата во стечај.

 Злоупотребувајќи ги правните инструменти и институциите, Топлификација АД веќе втора година ја одолговлекува својата постапка за стечај, доведувајќи ги во заблуда своите акционери и доверителите. Индикативен е фактот што Комисијата за хартии од вредност не најде за потребно да испита и јавно да објави свој став за законитоста и веродостојноста на финансиските извештаи на Топлификација АД, во кои се избришани обврски кон државата во висина од 10 милиони евра и со години лажно се претставува финансиска состојба пред акционерите и инвеститорската јавност. Комисијата за хартии од вредност има директна надлежност да ја контролира работата и да изрекува казнени мерки против Топлификација АД, како компанија која котира на берза, за разлика од ТЕ-ТО АД, кое е акционерско друштво од два акционера и не котира на берза. За незаконското водење на сметководството во Топлификација, КХВ писмено е известена од ТЕ-ТО АД. За штетата од 10 милиони евра нанесена на Република Северна Македонија, против Топлификација АД поднесена е кривична пријава, а АД за стопанисување на станбен и деловен простор овој износ го пријави како побарување од Топлификација АД во стечајната постапка отворена над оваа компанија. Јавното обвинителството во соопштение до јавност истакна дека нема докази за перење на пари во ТЕ-ТО АД, кој факт Фактор неможел да не го знае. За останатите наводи од кривичната пријава на Финансовата полиција, Обвинителството за гонење организиран криминал се огласи за ненадлежно и го предаде предметот во Основното јавно обвинителство, што евидентно укажува на непостоење на било какво здружување на вршење на некакви кривични дела. Оттука, цениме дека објавата во Фактор е тенденциозно пласирање на лажна информација со цел нанесување на штета на ТЕ-ТО АД и на неговите акционери. 


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат