25 Април, 2024
0.0266

ТЕ-ТО: Работиме законски, доверителите не се оштетени

Објавено во: Економија 20 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и предвидува рамноправен третман на сите доверители, како што е предвидено со закон, реагираат од ТЕ-ТО. 

„Во насока на правилно и точно информирање на јавноста и сите засегнати страни, сакаме да информираме дека сите активности на ТЕ-ТО Скопје се одвиваат согласно законите на Република Македонија. Ги почитуваме сите одлуки на надлежните институции и постапуваме по нив. Сите други тврдења се обид за искривување на вистината. Планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и предвидува рамноправен третман на сите доверители, како што е предвидено со закон, стои во реакцијата.

Велат дека со планот за реорганизација, не само што не се оштетени доверителите, како што се тврди неосновано, туку напротив овозможува најдобра заштита на интересите на доверителите, поради што тие го подржале со огромно мнозинство.

„ТЕ-ТО АД Скопје ќе продолжи да испорачува топлинска и електрична енергија и со сите други редовни активности, а сите вработени во компанијата ќе останат во редовен работен однос и со редовни примања, согласно законот. Тоа е во најдобар интерес на акцоинерите и на државата имајќи во предвид дека ТЕ-ТО АД Скопје е една од најголемите гринфилд инвестиции во Македонија која работи согласно највисоките стандарди во енергетиката и екологијата, велат од ТЕ-ТО.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија