28 Март, 2024
0.0244

ТЕ-ТО: Работиме законски, со стечајот не се оштетени доверители

Објавено во: Економија 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Сите активности на ТЕ-ТО АД Скопје се одвиваат согласно законите во Македонија, реагираат денеска од компанијата Велат дека ги почитуваат сите одлуки на надлежните институции и постапуваат по нив. Тврдат дека сите други тврдења се обид за искривување на вистината и обид за манипулација со фактичката состојба.

„ТЕ-ТО АД Скопје ја изнесе пред надлежните институции целокупната документација и фактичка состојбаи истата, согласно законите, беше прифатена, бидејќи аргументите беа евидентни. Една од засегнатите страни, во јавноста постојано изнесува тврдења кои не се засновани на факти, ниту се поткрепени со докази. Планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и предвидува рамноправен третман на сите доверителиСо планот за реорганизација, не само што не се оштетени доверителите, како што се тврди неосновано, туку напротив овозможува најдобра заштита на интересите на доверителите, поради што тие го поддржаа со огромно мнозинство, стои во реакцијата.

Велат дека ќе продолжат да испорачуваат топлинска и електрична енергија и со сите други редовни активности, а сите вработени во компанијата ќе останат во редовен работен однос и со редовни примања, согласно законот. 

„Тоа е во најдобар интерес на акционерите и на државата имајќи во предвид дека ТЕ-ТО АД Скопје е една од најголемите гринфилд инвестиции во Македонија која работи согласно највисоките стандарди во енергетиката и екологијата, велат од ТЕ-ТО.



Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“