20 Април, 2024
0.0287

ТЕЦ Неготино е во дефект, ќе се купува увозна струја додека не работи

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Извори од ЕСМ брифираат дека во тековниот период ТЕЦ Неготино е вон функција и тоа е дополнителна причина што мора да се набавува увозна електрична енергија од странство. Од таму велат дека во тек се ремонтни активности и најрано до 1 декември електраната што работи на мазут нема да испорачува електрична енергија.

Инаку, за периодот од 7 до 20 ноември ЕСМ веќе склучи договори со снабдувачи за купување на струја во вкупна вредност од 9 милиони евра. Ова е прва испорака откако започна грејната сезона, а изминатиот период ЕСМ се потпираше на сопствените капацитети. 

Истовремено од ЕСМ велат дека цената на мазутот е економски неисплатлива за да се произведува струја. Тоа значи дека и натаму дополнителни количини на електрична енергија однадвор ќе се купуваат од снабдувачи за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

- Таму има грешка во делот на генераторот. Во моментов дојдени се претставници од Украина, бидејќи генераторот е од таму, и тие работат заедно со домашна компанија што е ангажирана за да го санира дефектот. Во овој период ќе се штеди и мазутот, велат брифираните извори.

Од ЕСМ велат дека планот е само во ноември да се купат 72.000 мегаватчасови електрична енергија, иако количината може да биде и помала поради добрите временски прилики. Во декември би се купила увозна струја од 49.600 мегаватчасови, помалку од овој месец, затоа што ЕСМ очекува да работат сите три блока на РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и РЕК Осломеј. 

Новиот трансформатор за третиот блок во РЕК Битола е на пат, додека РЕК Осломеј е под ремонт и од декември треба да биде снабдуван со јаглен од новото наоѓалиште во Гуштерица.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?