20 Април, 2024
0.0292

Tech4Muni – нова генерација на хакатон во Скопје на 11-12 септември

Објавено во: Мои пари 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Лабораторијата за иновации од Тел Авив- Израел ‘Креаторс’, ќе организираат хакатон отворен за сите претприемачи во државата. Поканети се сите талентирани локални компании и претприемачи да помогнат во изнаоѓање на решенија за надминување на локалните развојни предизивици.

Хакатонот ќе се одржи во Скопје на 11 и 12 септември и ќе им понуди на сите што ќе изнајдат иновативни и ефективни решенија можност да ги имплентираат и пилотираат истите. Вкупниот буџет изнесува 40,000 УСД, а за решенијата што ќе се покажат како успешни во една општина, ќе се понуди и поддршка за репликација и во други општини.

Овој настан е дел од поголема програма ‘Унапредување на општинското владеење’, која што ја спроведува УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа а е финансирана од Европската Унија.

Првите три општини -партнери во пилот проектот се Велес, Гостивар и Струмица.


Во изминатиот период, општинските власти и жителите ги одбраа следните предизвици за решавање:

1)  Кучињата скитници стануваат главна причина за загриженост низ целата земја, при што во голем број случаи луѓето се каснати и заплашувани од кучињата. Истовремено и широко распространето труење на кучињата, кое е нехумано и опасно и досега не е најдено ефективно решение за овој проблем.

2)  Недоволно развиен локален туризам И покрај прекрасните планински предели, преубавите традиционални села, некои од најстарите и најдлабоките езера во Европа како и богатото културно наследство, огромниот туристички потенцијал останува неискористен и бара поголема промоција, за просперитетни заедници и зачувување на вредните хабитати.

3)  Подобрување на пристапот како и еднаквиот пристап до локалните услуги е клучно за сите граѓани. Повеќето од овие услуги се во моментов единствено достапни во самите општински простории, што пак го одзема времето на граѓаните и претставува потешкотија - особено за ранливите категории на граѓани како и за граѓаните кои живеат во подалечни места.

4)  Недостаток на ефикасен систем на услуга за споделување на просторот – Општините често имаат простории што се користат само во работно време. Овој простор е неискористен во попладневните и вечерните часови и би можел на пример да им се понуди на невладините, на бизнисите или на поединците за да организираат интересни активности и настани за локалното население. На пример, во моментов, не постои онлајн начин за резерервација на ваков тип на простор.

5)  На постарите жители им е потребна поддршка и помош во нивните секојдневни активности, бидејќи многу од нив живеат сами и како такви имаат потешкотии да излезат од своите домови. Често се луствуваат осамени и немаат интеракција со други лица, особено доколку живеат во поодалечени места.

Како би можела технологијата да помогне во решавањето на некои од овие предизвици?

“Во изминатите четири години работевме со многу општини и влади низ целиот свет за да создадеме стратешки програми за иновации, со цел да се направи доброто владеење по иновативно и покомпетитивно. Проектот што го развивме со УНДП во Северна Македонија ја рефлектира токму методологијата што ја користевме досега во и надвор од Израел. Станува збор за сеопфатна програмa која ги поддржува општините во начините за идентифицирање и дефинирање на предизвиците, валидација на предизвиците и избор на брзи и ефикасни решенија”, вели Моника Розалска, Директорката на ‘Креаторс’.

“Нашиот свет станува се покомплексен и развојните предизвици се во постојан подем, што значи дека постои потреба што побрзо да се реагира со агилни и флексибилни решенија”, вели Постојаниот претставник на УНДП Нарине Сахакјан. “Одлично е што општините тука навистина сакаат да спроведат иновации, но многу од нив сеуште немаат искуство со колаборативни проекти со приватниот сектор, особено со компании кои се технолошки-ориентирани. Со оваа програма, сакаме да градиме партнерство со претприемачите за решавање на постоечките предизвици кои ги засегаат и граѓаните и заедниците, но исто така да созададеме и можности за пилотирање на бизнис идеи со потенцијал за реплицирање и во и надвор од државата. Одличен искод и за едните и за другите.”

За повеќе информации во врска со хакатонот или за регистрација, посетете ја веб страната: www.tech4muni.mk  или контактирајте со Сандра Исмановски, Sandra.ismanovski@undp.org, +389 2 3249570


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!