29 Март, 2024
0.0309

Тедески и Станковиќ – “еден на еден“ на Викенд Медиа Фестивал

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Станковиќ разговорот ќе го темели на резултати од истражувања за перцепцијата за Тедески како бренд

Загреб, 8. јули 2020. – Најголемиот регионален фестивал наменет за комуникациската индустрија – Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival) оваа година, во Ровињ во период од 24. до 27. септември ќе биде домаќин на Емил Тедески (Emil Tedeschi), основач и сопственик на Атлантик Групацијата. Во рамки на фестивалот, Тедески ќе биде интервјуиран од страна на Иван Станковиќ (Ivan Stanković),во неговиот познат “еден на еден“ формат. 

По повеќе од 40 години искуство во огласувачката индустрија, Станковиќ својата стручност во креирањето брендови ја пренесе во своето уникатно ток-шоу “Што сум ти јас на тебе и кој сум на себе“ (Šta sam tebi & ko sam sebi“), во чии рамки познатите личности ги гледа од аспект на бренд и преку разговор се обидува да ја утврди усогласеноста помеѓу перцепцијата за нив и реалноста. Станковиќ разговорот со Тедески ќе го базира на резултати од истражување за перцепцијата за него како бренд.


Тедески е еден од најуспешните хрватски и регионални претприемачи. Атлантик Групацијата е една од водечките произведувачи на храна и пијалаци во југоисточна Европа, со портфолио реномирани брендови кои се регионални и европски лидери. Воедно, групацијата е и водечки дистрибутер на производи за широка потрошувачка во регионот.

Тедески е добитник на голем број признанија и награди од професијата и медиумите, а членувал и членува и во релевантни хрватски, регионални и меѓународни институции, здруженија и тела. Учествувајќи во работата на Националниот парламентарен одбор за набљудување на преговорите,активно бил вклучен во процесот на приближување на Хрватска кон Европската Унија, како и бил член на Економско-социјалниот Совет, Претседател на “HUP“ и член на Економскиот Совет на Претседателот на Република Хрватска. Тој е почесен конзул на Ирска во Хрватска, како и член на: Трилатералната комисија, Алумни Асоцијацијата во рамки на бизнис школата “INSEAD“; Советот на Декани на Харвард Кенеди Школата за Управување; Програмскиот совет на ЗСЕМ; Деловниот Совет при Економскиот Факултет во Љубљана; Советот на Комесари во рамки на Московскиот Државен Институт за Меѓународни односи.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија