29 Март, 2024
0.0266

ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР БАРА ОДГОВОРНОСТ, ЛИДЕРИТЕ НЕ МЕНУВААТ СТАВ: Што ќе се случи со законот за ЈО

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Партиите да бидат на висина на задачата и да соработуват за законот за  јавно обвинителство.

Ова е барањето кое техничиот премиер Оливер Спасовски го побара од политичките субјекти.

Сепак, партиите засега не ги менуваат ставовите. Од владеачката СДСМ велат дека има можност да се донесе законот до распуштање на Парламентот, а не исклучуваат и да се одржи лидерска средба.

Од друга страна пак опозициската ВМРО ДПМНЕ бара прво усогласување на ставовите на работните групи, а потоа, ако е потребно, лидерска средба.

– Да разговараме и да изнајдеме решение со цел да ги оствариме нашите национални интереси, а тоа и членството во НАТО и во Европската Унија, кажа премиерот Спасовски.

И додека Заев е оптимист, Мицковски пак смета дека прво треба да се усогласат ставовите на работните групи, а дури потоа да се одржи лидерска средба.

Законот за јавно обвинителство остана камен на сопнување меѓу власта и опозицијата. Подолг временски период не постои усогласеност меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Работните групи од двете партии неколкупати се обидуваа да ги доближат ставовите, но неуспешно. По доаѓањето на еврокомесарот Оливер Вархеј минатата недела и неговото уверување дека сегашниот парламентарен состав ќе му даде приоритет на овој закон, повторно се актуелизира ова прашање.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење