„ТЕКОВИРАМАТ“ АНТИВИРУСЕН ЛЕК ПРОТВ МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ: ЕМА го регистрирала во јануари годинава
Објавено во: Свет 23 Мај, 2022
Третманот за сипаници се состои од ублажување на симптомите и спречување на
компликации како што се секундарни бактериски инфекции, велат вирусолозите.
Истовремено, СЗО наведува дека оваа година Европската агенција за лекови (ЕМА) го регистрирала антивирусниот лек „тековиримат“ токму за третман и на мајмунски сипаници. Овој лек првично беше развиен како терапија за големи сипаници.
-Луѓето кои биле вакцинирани против сипаници имаат многу помали шанси да заболат од овој вид сипаница, а доколку тоа се случи, болеста треба да биде полесна. Вакцината против сипаници е 85 проценти ефикасна во спречување на мајмунски сипаници, наведува СЗО.
Tecovirimat SIGA е лек за лекување на големи сипаници, мајмунскии сипаници и кравји сипаници, три инфекции предизвикани од вируси кои припаѓаат на исто семејство (ортопоксвируси). Се користи и за лекување на компликации кои можат да се случат по вакцинацијата против големи сипаници. Tecovirimat SIGA се користи кај возрасни и деца со тежина од најмалку 13 килограми.
Содржи активната супстанција тековиримат, се наведува на официјалната страница на ЕМА, која овој антивирусен лек го регистрирала во јануари годинава и е одобрен за употреба во Европа.