25 Април, 2024
0.0411

Текстилните работнички во Штип добивале пари на рака

Објавено во: Економија 20 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Се кршат работничките права на текстилните работнички од штипските конфекции. 

Тие дел од плата добиле на рака во кеш. Освен плата од 6.000 до 7.000 денари, што им стигнува на сметка, дел од конфекциите во Штип на работниците им исплаќале од 1.500 до 3.000 денари во плик. 

Ова го тврдат од Здружението „Гласно“, чии членови денеска објавија документ што до нив го доставила текстилна работничка. Горан Трајков од „Гласно“ вели дека работодавците со ова го прекршуваат законот и директно го оштетуваат државниот буџет, избегнувајќи да плаќаат данок.

„Платата е 7.000 денари, некаде 6.000 денари, а 3.000 или 2.500 денари се даваат на рака. Тука, во конкретниот случај со работничката со која разговаравме, се 1.800 денари. На прашањето зошто пари на рака, ѝ било одговорено: „Така земаат сите и ти така ќе земеш“ – изјави Трајков.

Иако исплатата на минималната плата од 10.080 денари е законски задолжителна, сопствениците на конфекциите, според Трајков, го користат недоречениот дел од законот за минимална плата, во делот за нормиран учинок. Практично, тоа значи дека сопствениците ја зголемуваат нормата, која станува нереална за остварување и тоа е оправдување за пониските плати, бидејќи работниците изработуваат многу помалку од предвидените 100%. 

Синдикатот, Текстилниот кластер и Сојузот на работодавци имаат потпишано да се дозволи нормиран учинок. 

„Нормираниот учинок не е разјаснет до крај, а тоа работодавците го злоупотребуваат. Секојдневно им ја менуваат нормата на работниците. Оттука, недостига класификација на работните места по операции и затоа работниците во текстилната индустрија не можат да достигнат 100 отсто успешност“ – објаснува Трајков. 

„Гласно“ упати апел до институциите да го проверат работењето на конфекциите во делот на исплата на плата, а заедно со Хелсиншкиот комитет за човекови права, најави реакција до инспекциите. Ова е практика во Штип, но можно е овој проблем да постои и во другите градови.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди