Телеком ја воведува стриминг платформата GLEY на MaxTV

Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2022
На големо задоволство на корисниците, Македонски Телеком ја збогатува својата понуда на MaxTV со содржините на првата македонска стриминг платформа GLEY.
Во рамките на MaxTV, со GLEY, корисниците ќе можат да ги следат најновите домашни, регионални и светски филмови и серии, како и детска програма којашто е комплетно синхронизирана на македонски и албански јазик.
Единствено во Телеком, платформата GLEY ќе биде достапна за следење директно преку MaxTV приемникот, без потреба од дополнително инсталирање софтвер, прилагодувања или регистрација. Исто така, MaxTV корисниците ќе имаат пристап до комплетниот каталог на GLEY содржините, достапни во делот Видеотека/Пакети (Video On Demand/Subscriptions).
Едноставно активирање
За да ја користат услугата,
корисниците треба да го активираат GLEY пакетот преку MaxTV приемникот, во
делот за активирање пакети: Мени/ТВ Пакети, или преку апликацијата Telekom MK.
Активирање, секако, е возможно и со повик во контакт центарот на 122 или во
која било Телеком продавница. Gley Standard пакетот преку Македонски Телеком е
достапен по намалена цена од 299 ден. и пробен 7-дневен период без надомест..
Корисниците коишто ќе активираат GLEY пакет, освен пристап до содржините на MaxTV уредот, ќе имаат можност да ја користат услугата и на уште 2 смарт уреди истовремено (компјутер, смарт ТВ, лаптоп или смартфон) без дополнителна доплата, преку www.gley.tv или апликацијата Gley, којашто е достапна за Android и iOS корисниците.
Услугата е достапна и за сите Телеком корисници на фиксни и мобилни услуги коишто немаат вклучено ТВ услуга, а кои ќе можат да ја следат содржината на Gley само преку смарт ТВ, лаптоп, компјутер, таблет или смартфон.
Повеќе информации на: https://www.telekom.mk/gley.nspx
Можеби ќе ве интересира
За да направите филмски хит од секојдневието - истражете го новиот vivo X80Pro и искористете го периодот за претпорачка

Премиер лига ексклузивно на Арена спорт каналите, Кристал Палас и Арсенал за почеток на новата сезона

Поврзувањето и соработката го отвораат патот кон подобро разбирање на себеси со иновациите на Samsung Wellness

Петта година по ред се дружиме на официјалниот избор „Мажи на годината“

Првиот говорник на TEDx од Балканот промовиран пред глобална публика од 35 милиони луѓе е од Македонија

Намалување на штети: Значењето на овој проект и кои се неговите придобивки?

ЕуроникелИндустри единствен во земјава и во регионов со ИСО сертификат за измерена емисија на стакленички гасови
