25 Април, 2024
0.0278

Телеком МК апликацијата подобренa и со нови функционалности

Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Со Телеком МК апликацијата, врвно дигитално корисничко искуство во сите компании од Дојче Телеком групацијата,Македонски Телеком го надгради она што постоеше и досега - апликацијата достапна на мобилните уреди преку која корисниците можат лесно и во секое време да управуваат со своите телекомуникациски услуги. Потребата за надградба на апликацијата произлезе од идејата корисниците на Македонски Телеком да ги добијат потребните услуги брзо и ефикасно, како резултат на поедноставување на процесите што е во насока на дигитализација на компанијата.

Апликацијатакако дигитална алатка сега има модерен изглед и нови дополнети функционалности со коишто значително се подобрува корисничкото искуство. Сите корисници на Македонски Телеком што ќе ја користат апликацијата имаат подобрен онлајн пристап до фиксните и мобилните услуги, ќе можат да ја гледаат историјата на своите трошоци, да ги гледаат и да ги плаќаат сметките, да надополнуваат ваучер ида активираат пакети. Една од новините е брзо, лесно и и безбедно плаќање на сметките со картички, бидејќи апликацијата ја меморира платежната картичка на корисникот при што се применети врвни безбедносни стандарди.

Апликацијата МК е централен канал за онлајн комуникација за целокупното деловно работење на компанијата и ќе биде достапна за приватните (постпејд и припејд), а наскоро и за деловните корисници. Активирањето на Телеком МК апликацијата нуди бројни поволности за припејд корисниците, како што се двојно повеќе интернет при активирање интернет пакети и Cool бонус преку апликација, бесплатни 500 MB интернет за секој корисник што ќе надополни ваучер преку апликација. Исто така, секој нов корисник на припејд СИМ картичка од 399 денари може да активира бесплатен 1 GB интернет преку Телеком МК апликацијата. Дополнително, со активирање на Travel&Surf Balkan пакетот преку Телеком МК апликацијата, корисниците добиваат 2 GB интeрнeт за 699 денари.

Ова е заеднички проект на Дојче Телеком и засега ваква апликација за управување со телекомуникациски услуги и продукти е достапна уште во пет земји членки на Групацијата, со што на корисниците им се овозможува исто дигитално корисничко искуство, без огледво која земја од ДТ семејството и да се наоѓаат.

„Во времето во кое живееме дигиталните алатки стануваат потреба и секојдневие за сите нас. Технолошките иновации се случуваат секојдневно и  не постои индустрија или област која ќе остане имуна на промените штоќе ги донесе дигитализацијата. Од една страна треба да се поедностават и да трансформираат деловните процеси, а од друга  да се понудат дигитални алатки кои би го олесниле секојдневието на еден модерен човек. Апликацијата Телеком МК е токму таква алатка, личен простор од каде што се управува со телеком сервисите, отсега со нови функционалности и уште повеќе поволности за корисниците“ – изјави Бранко Станчев, Главен комерцијален директор за приватни корисници.

Македонски Телеком останува да биде предводник на дигитализацијата во општеството и континуирано работи на подобруване на процесите со крајна цел соодветно да се одговори на потребите и барањата на граѓаните за современи и модерни услуги коишто ги диктира динамичното живеење.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет