20 Април, 2024
0.0251

Telekom SafeNet услуга за безбедност на мобилната мрежа

Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

-Македонски Телеком прв на македонскиот пазар воведува услуга интегрирана во мобилната мрежа којашто го штити корисникот од небезбеден веб интернет сообраќај

-Ова единствено безбедносно решение нуди заштита на корисниците од злонамерен софтвер, вируси, крадење на личните податоци (фишинг) или хакирање

-Корисниците на Smart, Magenta 1 и Magenta 1 business мобилните тарифи можат да ја активираат услугата и да ја користат бесплатно до 31.12.2017 година

-Останати корисници на пост-пејд мобилни тарифи со вклучен интернет имаат можност за бесплатен период од 4 недели 

Македонски Телеком од денеска, прв на македонскиот пазар воведува услуга интегрирана во мобилната мрежа (cloud решение) којашто го заштитува сообраќајот остварен преку интернет прелистувач. Ова единствено безбедносно решение нуди заштита на корисниците од злонамерен софтвер, вируси, крадење на личните податоци (фишинг) или хакирање. За користење на Telekom SafeNet решението, корисникот не треба да инсталира и да ажурира никаков софтвер или апликација на неговиот смартфон таблет или лаптоп. Telekom SafeNet услугата функционира без разлика на типот на уредот или оперативниот систем.

 „Во светски рамки, сајбер криминалот постојано е во пораст. Како компанија којашто е пионер во технолошки иновации, секогаш се водиме од врвното корисничко искуство и проактивно обезбедуваме модерни услуги во согласност со светските трендови за заштита на мрежата и корисниците. Затоа, први на македонскиот пазар обезбедуваме услуга со која ги штитиме корисниците на мобилни услуги  од онлајн закани, овозможувајќи им решение коешто е лесно за користење и нуди сигурна интернет заштита“, изјави Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Корисниците на Smart, Magenta 1 и Magenta 1 business мобилните тарифи можат да ја активираат услугата и да ја користат бесплатно до 31.12.2017 година

Останати корисници на пост-пејд мобилни тарифи со вклучен интернет имаат можност за бесплатен период од 4 недели. По завршувањето на бесплатниот период услугата ќе може да се активира по цена од 29 денари месечно.

 Услугата се активира со само еден „клик“во интернет прелистувачот во моментот кога кај корисникот ќе се појави страница која нуди активирање на решението, преку оператор на 122, преку говорен автомат на 149777или во која било Телеком продавница

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга