25 Април, 2024
0.0279

Телохранителот на Бин Ладен со години прима социјално во Германија

Објавено во: Свет 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот телохранител на убиенот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен веќе со години со своето семејство живее во Бохум и прима социјална помош, затоа што германскиот суд одлучил дека не смее да биде протеран во родниот Тунис, објавија германските медиуми.

Партијата Алтернативна за Германија (АфД) поднела барање до регионалната влада на Северна Рајна-Вестфалија за лицето именувано, од безбедносни причини само како Сами А. Таа соопшти дека Сами А. месечно прима повеќе од илјада евра државна помош, а на ова треба да се додадат и околу 150 евра по дете и други форми на помош.

Тунижанецот  Сами А. од 1997 година живее во Германија и се смета за опасна особа тој е под постојан надзор и секојдневно мора да се пријавува во полиција, пренесе Би-би-си.

Се тврди дека во 2012 година еден германски суд одлучил дека Сами А. не може да биде протеран во Тунис, бидејќи таму му се заканува мачење. 

Сами А. пристигнал во Германија на студии, но од 1999 година неколку години престојувал во џихадистичките кампови во Авганистан, каде што напредувал до позиција како еден од телохранителите на терористичкиот лидер Осама бин Ладен.

„Германскиот закон за азил тука се злоупотребува до максимум - ние треба од даночните пари да финансираме еден терорист, поради тоа што не смееме да го протераме“- изјави за германскиот дневен весник Билд, демохристијанскиот политичар Екхарт Реберг.

Се наведува дека градските власти во Бохум во неколку наврати се обиделе да ја укинат дозволата за престој на Сами А., но секој пат одлука морала да биде повлечена поради пресудата во корист на Тунискиот државјанин кој во меѓувреме добил четири деца.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек