24 Април, 2024
0.0279

ТЕМЕНУГОВА ЗА ФАКТОР: Недолична и недозволива изјава на Премиерот

Објавено во: Македонија 14 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Изјавата на премиерот е недолична и недозволива, коментира за Фактор поранешниот новинар и уредник, а сегашен експерт за медиуми и комуникации, Александра Теменугова. Таа посочува дека, посебно делот каде премиерот навредува новинар, и дека по ниту еден основ не го оправдува Заев, но дека го разбира моментот на нервоза и притисок.

„Малку повеќе од хипокризија е дека истиот премиер пред две и пол години недвосмислено ја поддржа инклузијата на истите тие групи, кои со години беа маргинализирани.  Не може да се декларирате дека ќе правите „Едно општество за сите“, а од друга страна да го јакнете стереотипизирањето. Па, погледнете што се случи последниве 12 часа по изјавата. Видете само колку хомофоби се осилија.  Класичен пример дека говорот на јавните личности диктира јавен наратив и ниво на политичка култура“, истакнува Теменугова.

Таа како експерт за комуникации и медиуми смета дека е пострашен моментот на навреда кон новинар, па макар бил и „суетен“.

„Ако премиер осудува кој било новинар, особено ако тој/таа пишува за сериозни сомненија за висока корупција, може да значи порака за обесхрабрување на колегите да отвораат вакви случаи“, потенцира Теменугова и истакнува дека премиерот и се извини на ЛГБТ заедницата, но не и на новинарската заедница за етикетирање на новинар.

Теменугова за Фактор вели дека треба да се насочи притисокот кон што поскоро расветлување на случајот кој ни ја тресе државата, а не да се занимаваме со несреќните изјави на премиерот.


Н.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП