ТЕМПЕРАТУРИ ЗА 18 СТЕПЕНИ ПОНИСКИ ОД ВЧЕРА: Снежно невреме ја погоди Хрватска
Објавено во: Балкан 13 Април, 2021
Снежно невреме ја зафати Хрватска. Земјата е погодена од студен бран. Измерени се температури и до 18 степени пониски од вчерашните.
Снег утрово падна во Горски Котар и Лика и температурите се околу нула и се за десет степени пониски од вчерашните. Утрово измерени се 7 сантиметри снег во Делнице, а 10 сантиметри во населбата Бегово Раздоље.
Јадранската магистрала помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена е затворена за секаков сообраќај, а поради лошите временски услови, во прекин се и некои фериботски и катамарански линии, објави Хрватскиот авто-клуб (ХАК).
Сега нема слободна рута за камиони со приколки и полуприколки од правецот на внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно.
На 6 април имаше снежно невреме во Хрватска.На почетокот на месецот и Србија имаше дебела снежна покривка.