ТЕНЗИЧНО ВО КАШМИР: Индија уапси 500 лица
Објавено во: Свет 08 Август, 2019
Повеќе од 500 луѓе се уапсени од индиските безбедносни сили за да спречат судири во Кашмир.
Строгите мерки на безбедност стапија во сила по одлуката на индиската влада претходно оваа недела за укинување на специјалниот статус на Кашмир.
Премиерот Нарендра Моди денеска се очекува да и се обрати на јавноста во врска со ситуацијата во Кашмир.
Индиската влада одлучи на почетокот од оваа недела да го укине специјалниот статус на Кашмир и да ја интегрира областа во Индија. Веднаш одговори Пакистан, кој исто така тврди дека има право на Кашмир, заканувајќи се дека ќе биде подготвен воено да се спротивстави на индиската одлука.
Фото VOX