19 Август, 2019
0.0196

ТЕНЗИИ КАЈ ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ: Иран зароби танкер сo нафта

Објавено во: Свет 18 Јули, 2019

Тензично e кај Персискиот залив, oткако Иран зароби танкер со милион литри нафта.

Бродот е пресретнат во неделата во реонот на Ормутскиот теснец, со екипаж од 12 луѓе

Иранската национална гарда заробила танкер со милион литри нафта во Ормутскиот теснец кај Персискиот залив. Државната иранска телевизија објави дека танкерот е странски и дека, како што се тврди, шверцувал нафта.

Според извештајот од телевизијата, танкерот е пресретнат во неделата во реонот на теснецот, јужно од иранскиот остров Ларак, со екипаж од 12 луѓе.

Заробувањето доаѓа откако танкер, кој под знамето на Панама превезувал нафта од компанија од Обединетите Арапски Емирати, исчезна во ирански води на 14 јули.

Револуционерната гарда соопшти дека добиле повик за помош од бродот, за кого подоцна е издадена судска наредба да биде заробен. Ирански шверцери имале намера да достават нафта до странски купувачи.

Од САД ја осудија постапката на Иран.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН: Огнена топка го проби небото над Медитеранот!

(ВИДЕО) ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН: Огнена топка го проби небото над Медитеранот!

Скриено богатство на Сибир: Каде Русија вложува 384 милиони долари?

Скриено богатство на Сибир: Каде Русија вложува 384 милиони долари?

Премиерката на Данска: Апсурдна е идејата да се продаде Гренланд на САД

Премиерката на Данска: Апсурдна е идејата да се продаде Гренланд на САД

ОН: Бројот на бегалци во светот достигна рекордни 70 милиони луѓе

ОН: Бројот на бегалци во светот достигна рекордни 70 милиони луѓе

(ВИДЕО) Протестите во Хонг Конг продолжуваат веќе 11-та недела

(ВИДЕО) Протестите во Хонг Конг продолжуваат веќе 11-та недела

БРИТАНСКАТА ВЛАДА СТАВИ ПЕЧАТ НА БРЕГЗИТ: Џонсон ќе го исполни ветувањето, излегуваат од ЕУ на овој датум

БРИТАНСКАТА ВЛАДА СТАВИ ПЕЧАТ НА БРЕГЗИТ: Џонсон ќе го исполни ветувањето, излегуваат од ЕУ на овој датум

(ВИДЕО) БОМБАШКИ НАПАД НА СВАДБА: Над 60 мртви во Кабул-се знае кој е одговорниот

(ВИДЕО) БОМБАШКИ НАПАД НА СВАДБА: Над 60 мртви во Кабул-се знае кој е одговорниот

ВИСТИНСКО ЧУДО ЈА СПАСИЛО: Жена преживеа пад од падобран од 1500 метри во Канада

ВИСТИНСКО ЧУДО ЈА СПАСИЛО: Жена преживеа пад од падобран од 1500 метри во Канада

Иран произведе сопствен ракетен систем

Иран произведе сопствен ракетен систем