ТЕНЗИИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Либан лансираше ракети, a Израел одговори на нападот
Објавено во: Свет 20 Јули, 2021
Либан лансираше ракети, a Израел одговори на нападот.
Две ракети лансирани од Либан рано утринава го алармираа северен Израел. Една од ракетите била соборена со противвоздушна одбрана, а втората паднала во ненаселено место. Израелската војска одговорила на нападот со артилериски оган, пренесува Ројтерс. Нема повредени, ниту е причинета материјална штета.
Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави дека Либан е одговорен за ракетниот напад и додаде дека „Израел ќе дејствува против каква било закана кон неговиот суверенитет и своите граѓани“.Претходно, 11 дена имаше воен конфликт меѓу израелската армија и палестинското движење Хамас. Либан е погоден од економска криза.