ТЕНЗИИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ: И кажуваат ли Русите конечно збогум на Украина?
Објавено во: Свет 18 Јули, 2018
Германија е домаќин на преговорите кои се одвиваат со посредство на Европската унија помеѓу Москва и Киев за иднината на транзитот на рускиот гас низ Украина.
Сегашниот договор истекува следната година.
Германскиот министер за економија Питер Алтмајер се состанал со рускиот министер за енергетика, украинскиот министер за надворешни работи, и потпретседател на ЕК за енергетика Марош Шефовиќ.
Рускиот гас во Европската унија кој оди низ Украина на Киев му носи приходи, но тензии со Москва. Тензиите ги зголемија плановите за гасоводот Северен тек 2 од Русија кон Германија, на кој му се противат САД.
Алтмајер рекол дека на состанокот не е споменат Северен тек 2.
Тој наведува дека очекува тешки разговори и додава дека е „можно да се постигнат решенија кои обезбедуваат оправданите безбедносни интереси на Украина да бидат заштитени и значајно после 2020 и текот на гас од Русија кон Украина да биде значаен“.