Најавена е средба со премиерот Зоран Заев и со ЛГБТ активисти на Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија.
Меј ќе ја заврши посетата со говор на прием во Собранието, на кој што ќе присуствуваат политичари, функционери, воени лица и идни лидери.
„Оваа година кога одбележуваме 25-години од дипломатските односи меѓу Македонија и Велика Британија, врските меѓу нашите земји се посилни од кога и да е.
Следната година Велика Британија ја напушта Европската Унија, но не ја напуштаме Европа – и ние ќе продолжиме да работиме со нашите сојузници за да ја заштитиме нашата колективна безбедност и да ги подржиме европските вредности што ги делиме со Македонија и поширокиот дел од Западен Балкан.
Со нетрпение очекувам да слушнам од премиерот Заев за напредокот на земјата кон попрогресивна, попросперитетна и демократска Македонија“, вели Меј пред денешната посета на земјава.
Во соопштението уште се додава дека Меј утрината ќе приствува во Софија на Самитот на ЕУ-Западен Балкан, каде што ќе ја повтори желбата на Велика Британија да соработува со европските сојузници за промовирање поголема стабилност, безбедност и просперитет во регионот.