Тереза Меј ја соопшти оставката
Објавено во: Свет 24 Мај, 2019
Британската премиерка Тереза Меј објави дека ќе даде оставка како шеф на британската влада на 7-ми јуни. За оваа одлука ја информирала и британската кралица.
Таа рече дека длабоко жали што не успеа да ја изнесе земјата надвор од ЕУ преку постигнат договор. Додаде дека оваа задача ја остава на нејзиниот наследник, кој ќе мора да најде консензус во парламентот.
"Тоа е можно само ако сите страни сакаат компромис", рече Мај.