Тереза Меј „преживеа“, ја спасија мал број гласови
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2019
Британската премиерка Тереза Меј преживеа уште едно гласање за доверба во Парламентот.
Владата на Тереза Меј имаше 325 гласови, додека 306 кои ѝ изразија недоверба.
Ова се случува по само 24 часа откако нејзиниот договор за Брегзит доживеа тежок пораз.
Меј изјави дека уште вечерва сака да ги почне разговорите со лидерите на опозициските партии околу тоа како да се продолжи со реализирањето на Брегзит. Нејзината земја на 29 март треба да си замине од Европската Унија.
Меј вчера доживеа тежок пораз откако пратениците со мнозинство гласови го отфрлија нејзиниот договор со Брисел за Брегзит.
Потоа лидерот на опизициските лабуристи, Џереми Корбин, покрена иницијатива за гласање недоверба на Владата. Тој рече дека е време Парламентот да ѝ пресуди на неспособноста на Владата. Додаде дека тоа е зомби Влада.
Францускиот претеседател, Емануел Макрон им соопшти на своите министри во Владата дека договорот за Брегзит не бил најдобар, но и дека за истиот не може веќе да се преговара.Европската Комисија попладнево се изјасни дека нема да почнува нови преговори за веќе постигнат договор.