ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ЈА ПОТРЕСЕ ШВЕДСКА: Избодени се најмалку 8 луѓе
Објавено во: Свет 03 Март, 2021
Терористички напад ја потресе Шведска, а најмалку 8 луѓе се избодени со нож.
Маж на возраст од 20 години е осомничен за нападот, а полицијата го застрелала при апсењето. Портпаролката на шведската полиција во Ветланда изјави дека не е позната тежината на неговите повреди. За време на полициската акција, неколку делови од Ветландa беа блокирани, вклучително и областа околу железничката станица. Железничкиот сообраќај првично е запрен поради инцидентот, но истиот е обновен во намален капацитет, пренесува СВТ. Нема индиции дека напаѓачот имал соучесници. Полицијата примила пријава за инцидентот околу 15 часот по локално време, а граѓаните велат дека неколку лица биле нападнати со секира. Во текот на 2018 и 2017 година во земјата имаше терористички напади со жртви.