ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Со мечови нападнале полицајци
Објавено во: Свет 16 Мај, 2018
Полицајците во Индонезија убија четворица мажи кои ги нападнаа со самурајски мечови и убија еден полицаец во полициската станица во Пеканбар, Суматра.
Мажите со автомобил влегле во полицискиот двор, а потоа излегле и тргнале во напад, рече портпаролот на државната полиција Сетјо Васисто, пренесе Ројтерс.
Двајца полицајци се повредени во нападот, а еден е убиен откако еден од напаѓачите го удрил со комбето во обид да избега.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.