ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ДАМАСК: Во експлозија на автобус загинаа 14 луѓе
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2021
Во бомбашки напад врз воен автобус во центарот на Дамаск,
главниот град на Сирија, загинаа најмалку 14 луѓе, јавуваат сириските државни
медиуми.
Возилото било погодено од две експлозивни направи пред зори додека минувало под мостот Хафез ал Асад, објави новинската агенција Сана.
Видеото од местото на настанот покажува јагленисани остатоци од автобусот.
Денешниот напад се смета за најкрвавиот во центарот на Дамаск од март 2017 година, кога најмалку 30 луѓе загинаа во самоубиствен напад за кој одговорноста ја презеде милитантната екстремистичка група - Исламска држава. Засега нема информации кој стои зад овој напад, но постои сомнеж дека повторно се претставниците на Исламска држава, кои оваа година нападнаа воени возила во источна Сирија.