ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Жена со нож нападна луѓе во самопослуга
Објавено во: Свет 17 Јуни, 2018
Жена изврши напад со нож во самопослуга во Ла-Сен-сир-Мер на југоистокот на Франција, при што најмалку две лице се повредени.
Повредена е и жената која работела на каса, но нејзините повреди не се сериозни, наведува „АП“.
Жената извикувала „Алаху акбар“ раскажале очевидците за „АФП“.
Обвинителот од Тулон, Бернар Маршал изјавил дека жената напаѓач е уапсена.
Според неговите зборови, еден купувач во продавницата во департмантот Ла-Сен-сир—Мер е повреден во градите и тој е хоспитализиран, пренесува радиото Ероп 1.