19 Април, 2024
0.0266

Тешка бирократија: Како пензионерите ќе се снајдат со даночните пријави

Објавено во: Економија 13 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Бирократски чин на регистрација кој за пензионерите, но и за други ранливи групи ќе биде тежок и практично неостварлив. Даночните експерти во земјава се согласуваат дека составувањето на првата електронска годишна пријава е ново и модерно решение, но се децидни дека тоа ќе им го „отежни животот„ на тие кои не седат пред комјутер цело време, особено на оние кои воопшто не знаат да работат. Според новите правила, до крајот на годинава, сите граѓани кои оствариле каков било приход мора да се регистрираат за електронска годишна даночна пријава. Тоа значи дека и пензионерите треба да проверат податоците за приходите по основ на пензија и да ги коригираат ако има грешка. И тие но и сите други граѓани мора да влезат во системот за да може управата да им ја изготви пријавата. Аналитичарите кои ги консултиравме велат дека мора да се најде и друг начин на реализација на овие измени, па предлагаат тоа да се прави во банките или дома кај пензионерите на пример.

„ Подготвената е-Годишна даночна пријава, УЈП има обврска по електронски пат да ја достави до секој даночен обврзник-граѓанин на проверка и потврдување. Токму овој механизам на проверка и потврдување, бара од даночните обврзници што остварувале приходи да се регистрираат во електрнскиот систем на УЈП со свое електронско санддаче. Самата регистрација се врши според пропишани правила и процедури со кои се штитат податоците за граѓаните. За жал овие процедури не земаат предвид дека даночни обврзници се и пензионери, потоа дигитално неуки, како луѓе кои се болни дури и слепи, за кои овој бирократски чин на регистрација ќе биде посебно тежок. Ангажирањето на полномошник создава друг вид на обврски за кои треба и да се плати, вели Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници.

Гацов предлага, заради олеснување на обврзниците, Управата да создаде услови нејзините службеници, користејќи ги веќе активните мобилните даночни шалтери да ги посетуваат овие граѓани за да ги регистрираат на „нивен терен“.

„Во игра може да биде и регистрација на обврзниците-граѓани кај банките, односно кај нотарите, во присуство на службено лице, претставник на УЈП, вели тој.

Е-даночната пријава е ново решение на УЈП. До крајот на годината податоци треба да испратат сите граѓани кои оствариле приход од редовни месечни примања, плата или пензија, но се пријавуваат и дополнителните заработки од капитални добивки, продажба на недвижен имот договори на дело, работа на интернет и слично. Регистрацијата е на системот е-персонален данок, а потоа барањето за регистрација треба да се поднесе на шалтерите на Управата за јавни приходи. Регистрацијата граѓаните ќе мора да ја направат само еднаш, а не како досега секоја година сами да ги поднесуваат пријавите.

УЈП предвидела за тие кои се болни, изнемоштени нои оние кои не знаат да работат на компјутер да можат да ополномоштат помладо лице на нотар па тој за нив да ја врши работата.

Новините предизвикаа негодување кај граѓаните и сите реагираа на социјалните мрежи.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите