Тешка сообраќајна незгода кај Охрид: Има и повредени
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2019
На патниот правец Ресен-Охрид ноќеска се случила тешка сообраќајна незгода кај местото викано Претнов Мост, пренесува ТВ21.
Бебе на година и половина и жена се повредени во несреќата.
Како се случила несреќата сеуште нема официјални информации.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.
Како што дознава ТВ 21, детето се здобило со скршеница и заедно со жената се префрлени со возило на Итната медицинска помош во болница.