Тешко повреден работник во скопската ЗОО
Објавено во: Македонија 02 Април, 2023
Работник од скопската зоолошка градина доживеал тешка повреда на работното место во петокот претпладне, соопшти МВР.
„На 31.03.2023 околу 11.20 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди е донесен повреден В.Г.(46) од Скопје“, објави полицијата.
Според пријавеното, тој се повредил околу 10.30 часот, полициски службеници излегле на местото и известен е трудов инспектор.