ТЕСТ ЗА НАРКОТИЦИ, ПА ВЛЕЗ ВО АВТОБУС: Во Словачка работат 20.000 Срби, ова се условите
Објавено во: Економија, Балкан 21 Ноември, 2019
Бројот на српски граѓани вработени во Словачка расте, а според податоците од 2018 година, тој број варира од 10.000 до 20.000 работници.
Близината, големиот број на луѓе кои привремено работат, и двојно поголемите плати од оние во Србија ги тераат луѓето да одат во Словачка, објави Н1.
Словачките работодавци ги тестираат физичките способности на работниците, а дел од нив применуваат само тест за наркотици.
Просечната плата сосе прекувремена работа е 900 евра, а доколку некој се покаже како добар работник, по 3 месеци, добива дозвола за работа од две години.
Агенциите кои се транспарентни, се бројат на прсти, и тие прават тестови за кандидатите, а другите кои се сомнителни ги има десетици.
Оние агенции кои се сериозни, не бараат пари за пат до Словачка.
Дел од Србите кои наседнале на агенции измамници, останале и без пари и без работа.
Оние кои успеале да пронајдат работа, работат во автомобилската индустрија.