Тестирана берзата за продажба на електрична енергија

Објавено во: Економија 17 Март, 2023
Операторот на пазарот на електрична енергија MEMO ДООЕЛ соопшти дека во изминатите четири дена е извршено пробно тестирање на берзата за купопродажба на струја ден-однапред.
Берзанското купување, односно продавање е предвидено официјално да почне со работа на 10 мај 2023 година, информираат од фирмата-ќерка на МЕПСО.
- За време на тестирањето извршивме симулација на четири различни сценарија – нормален ден; технички проблем пред затворањето на книгата на налози плус доцнење во објавувањето на резултатите; технички проблем по затворањето на книгата на налози плус доцнење во објавувањето на резултатите; и технички проблем плус процедура на не одржување на аукција. Резултатите од симулацијата се одлични, со повеќе од 24 потенцијални учесници активно вклучени во тестирањето, посочуваат од МЕМО.
По одобрувањето на берзата од Регулаторна комисија за енергетика, ќе започне процесот на регистрација на учесниците на пазарот ден-однапред кој ќе биде официјално објавен.
- Со воспоставување на пазарот ден-однапред, кќе се овозможи формирање на релевантна референтна цена на електричната енергија во нашата држава, ќе се овозможи пазарно поврзување со соседните пазари, а со тоа и ќе се олесни достапноста на електричната енергија на учесниците на пазарот на големо, нагласи МЕМО и порача дека со воспоставувањето на берзата ќе се зголемат инвестициите во енергетскиот сектор.
Можеби ќе ве интересира
ГАЗДИТЕ АКО ТРЕБА ЌЕ ГРАДАТ И ИНТЕРНАТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО, САМО ДА ДОЈДАТ - Ангел Димитров кажа од каде може да се увезе работна сила

Расте цената на златото, допрва ќе има побарувачка

Угостител од Истра не може да најде готвачи и келнери, платите се до 2.000 евра

КОГА НАЈАВА ЗА ОТКАЗ ДОБИВАШ ПРЕКУ ПОРАКА - првиот човек на „Амазон“ најави уште 9.000 отпуштања

КОЛКАВИ МЕСЕЧНИ ПАУШАЛИ ЌЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИТЕ ВО „ТЕТЕКС“ - компанијата ги објави бројките, има и мали промени во Одборот

ГЛАВЕН ДОБАВУВАЧ НА НАФТА ВО КИНА: Не е Саудиска Арабија, туку Русија

АД Железници го доби осмиот директор за пет години
