Тетовец уценувал сограѓанин дека ќе објави компромитичарки фотографии за што повеќе пати земал пари
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2021
Уценувал момче со компромитирачки фотографии, по што полицијата го уапсила и пронашла дрога.
На ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, вчера попладне полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Ш., поради сомнение дека во повеќе наврати го уценувал 23-годишниот Д.Ш., од Тетово, дека ќе објави компромитирачки информации и фотографии, за што подолго време барал и добивал парични средства од Д.Ш. Полицијата кај Б.Ш. нашла и марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирањена случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.