Тетовските средношколци не можат повеќе без превоз, ќе протестираат пак
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016
Група на средношколци од тетовските училишта повторно протестираа пред општина Тетово која не може да им организира бесплатен превоз, со што нивните секојдневни трошоци се високи бидејќи доаѓаат од поодалечени места надвор од градот.
Тие бараа прием кај надлежните па сами се пробија од полицијата која не можеше да ги спречи да влезат во зградата на општината, а таму ги прими претставник од Секторот за јавни дејности, но барањата не им биле исполнети по што повторно се незадоволни и најавуваат нови протести.
Според информациите од општината тендерот бил поништен затоа што сите превозници имале понудено повисоки цени за превоз од парите што за оваа намена биле одобрени на локалната самоуправа од Министерството за образование и наука. За ваквата одлука превозниците поднеле жалба до државната комисија за јавни набавка и се додека не добијат одговор не може да се преземат никакви мерки околу превозот на учениците посочија од општина Тетово.